октомври 21, 2017

Охрид, 21. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Тортата на Мима Тасеска, направена по нејзина идеја со вкусните производи на „Витаминка“ е прогласена за најдобра во рамките на проектот „Го сакам Охрид, ја сакам Витаминка“, кој заднички го спроведуваат „Витаминка“, охридските „Тамаро“ маркети и Супер радио.

Посебна екипа на „Тамаро“ денеш беше во посета на домот на Мима, каде беа најљубезно пречекани.

mimatorta2– Како редовна мустерија во Вашите маркети, секогаш Ве следам преку официјалната страна на Facebook на „Тамаро“. Таму и ја видов објавата и видеото кои ги повикуваше највредните домаќинки да се покажат и да направат нешто вкусно. Бидејќи секогаш подготвувам торти за дома, одлучив да направам една и да се пријавам за да учествувам во наградната игра. Во inbox пратив фотографија од тортата и добив одговор дека сум потенцијален кандидат за награда во големата наградна игра. Задоволство ми беше да ја подготвам оваа торта, бидејќи се работи за маркет во кој со задоволство и редовно пазарам, истакна Мима.

Таа задоволство го откри рецептот за ова прекрасна торта која се вика „Чоколадна корпа на Миме“ и ќе се појави во продажба и во „Тамаро“ маркетите под овој бренд.

mimatortaПандишпан:
3 јајца
3 лажици шеќер
3 лажици мелени ореви
1 лажица брашно и половина прашок за  пециво
Фил:
5 белки
1 маргарин
250 грама шеќер во прав
5 жолчки
200 грама чоколадо за готвење
7 кутии од 125 грама Витаминка кекс
3 пакетчиња Чоко Стоби флипс
1 табла обанда
0.5 мл хопла

mimatorta3Ова е само продолжение на супер атрактивните проекти кои охридските „Тамаро“ маркети ги спроведуваат периодов наназад со Супер радио, водечката локална радио станица во државата. Изминатото лето се забавувавме со „Супер Винчини летото“на плажата „Амброзија“, имавме супер дружба во „Аквариус“ со „Златен даб“, неповторливи забави со Илија Богданоски од OhridSUPERSTAR заедно со Nescafe во „Тамаро“ маркетите, „Подравка летото со Лино“ и многу други. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука