ноември 26, 2017

Охрид, 26. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го спроведува проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.

– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.

IMG_9644

Охрид во 10 на 26. ноември 2017 година

Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress.

инфо: 26.11.2017 година

– Здружението „СОС Балканмедиа“ ќе донира возила за лица со посебни потреби

– Култниот охридски Jazz Inn во среда го прославува 28. роденден

– Денеска е Св. Јован Златоуст

– Завршува циклусот бесплатни обуки за промоција на вработувањето во туристичкиот сектор

– Утре отворен ден во Семос Едукација и LIGO Digital

– Охридското Езеро крие седум потонати бродови

– Наскоро хуманитарен Rock`N`Mob во Охрид

Сообраќајка кај Битола, повредена охриѓанка

– Во Охридското Езеро ќе се потопи стар авион како подводна атракција за туристите?!

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука