Охрид, 4. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Ноќеска падна една од канделабрите до која беше поставен засебен столб, на кој беше монтирана дел од новогодишната опрема, поточно чадорите на потегот кон Чинарот, информираат од Општина Охрид.
– Нашите служби излегоа веднаш на терен и се пристапи кон санирање на овој проблем. Дополнително, ќе се пристапи и кон утврдување на причините кои доведоа до овој немил настан, во кој за среќа, нема повредени лица, а е причинета само материјална штета. По утврдувањето на причините, за истите јавноста ќе биде благовремено информирана, додаваат од Општина Охрид.
Ноќеска беше урнат столб на почетокот на Градската чаршија, на потегот од Бистро „Корнер“ кон Чинарот. На истиот беше прицврстена конструкција на која беа поставени дел од чадорите и новогодишните украси на овој дел, како дел од „Чоколадната улица“ која треба да започне со работа деновиве. (Крај)
извор: Општина Охрид/ОхридПрес фото: архива