Охрид, 5. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Словенечкиот амбасадор проф. д-р Милан Јазбец, денес беше во посета на општина Охрид.
На работниот состанок со градоначалникот Јован Стојаноски се разговараше за зајакнување на билатералните односи помеѓу двете земји, Македонија и Словенија, со посебен акцент за унапредување на туристичката соработка и конкретна соработка со збратимениот град Пиран.
Инаку, словенечкиот амбасадор е голем пријател на Македонија, екологист, вљубеник во природата, вљубеник во Охрид.
Минатата година, Јазбец заедно со неколку членови од Здружението за планинарење, велосипедизам и еко од култура „З’ш Авантура“ ја обиколија Галичица. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/општина Охрид
Прочитано: 28