март 30, 2018

Охрид, 30. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – И покрај очигледната и долгогодишна деградација и уништување, стотици и стотици тони истурен градежен шут од сите влеадеачки гарнитури претходно, грижата и негрижата на екологистите и „екологистите“, Студенчишкото блато сепак успева да опстои.

Врнежите од дожд последниов период и високиот водостој на езерото, направија да имаме „две езера“ поделени од пешачката патека.

Студенчишкото блато сепак го има и заслужува да го заштитиме со сите негови посебности од растителниот и животинскиот свет.

studenciskoblatomart20181Неодамна, Владата на Република Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за потребата од ре-прогласување на Охридско Езеро и Студенчишко Блато за заштитени подрачја и нивно номинирање во Светската Рамсарска Листа. Владата го задолжи Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со општините Охрид, Дебрца и Струга да изнајдат финансиски средства за изготвување на Студија за валориазција на природни вредности за Охридско Eзеро и за апликација за номинација на Охридско Eзеро и Студенчишко Блато во Светската Рамсарска Листа.

Во април минатата година просторот на Студенчишкото блато повторно беше прогласен за строго заштитена зона. Одлуката беше донесена по повторената стручна расправа околу измените и дополнувањата на Генералниот урбанистички план за град Охрид. Изработувач на измените е планерска фирма „Полог проект“ од Гостивар, од каде напоменаа дека целата постапката е водена согласно законската регулатива. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука