Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Претставата „Авантурите на Момо“ вечерва пред охридската публика

Охрид, 28. јуни 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во предворјето на црквата „Св. Софија“ во Охрид, вечерва се одигра претставата „Авантурите на Момо“.

Претставата е резултат на еднонеделната јазично-театарска работилница на која учествуваа 60 ученици од партнерските улилишта на Гете-институт од Македонија, Албанија и Косово.

Создадена е под водство на искусни театарски педагози од Германија и се заснова на сцени од романот за деца и млади „Момо“ од Михаел Енде. Целта на кампот, покрај подобрување на јазичните и креативните вештини, е меѓукултурна и младинска размена.

Повеќе за претавата од интервјуто на Гордана Вугерт Бобоска, референт за образовна програма од Гете-институт, која заедно со наставничката по германски јазик Ивана Шикалеска Маховска, неодамна беа гости во емисијата Radio Corner на Супер радио. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави