Охрид, 29. јуни 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на клубот „Primo Racing“ и општините Охрид и Ресен, по пауза од 40 години во Охрид ќе се одржи Меѓународното Авто рели „Охрид, две езера“.
Свеченото отворање е денес, а трката ќе се одржи утре. Станува збор за настан кој е од меѓународен карактер и се бодува за Шампионатот на Централна Европска Зона, на кој ќе земат учество повеќе од 30 екипи од неколку држави од Европа. Она што е најважно е што ќе бидат запазени сите еко стандарди за да се зачува животната средина, истакна во емисијата Радио Корнер на Супер радио Александар Димушевски, дел од организацијата на настанот.
Стартот и целта е на Кеј „Македонија“, а рутата на движење е преку Галичица до Стење со посебни специјални испити во должина од 65 км и вкупна должина на релито од 215 км. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива