Здравје Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Пораст на бројот на интервенции и недоволна екипираност во охридската Брза помош

Охрид, 2. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Охридската итна медицинска помош сé потешко излегува на крај со зголемениот број повици и недоволната екипираност.

Докторите велат периодов со зголемување на бројот на луѓе во градот и порастот на температурата на воздухот, има пораст во бројот на интервенции, но и прегледи во амбулантата, а очекуваат фрекфенцијата да се зголеми.

– Најчесто пациентите се жалат на гастроинтестинални и кардиоваскуларни тегоби, имаме и интервенции кај повредени во сообраќајни незгоди. Овој летен период зголемен е и бројот на прегледи во амбулантата. Апелираме граѓаните да ги почитуваат препораките од министерството за здравство. Особено за хронично болните, редовно да ја земаат препишаната терапија од матичните лекари, вели за Супер радио и OhridPress д-р Љупка Николовска.

Проблем со кој се соочуваат веќе подолг период наназад е недостигот на доктори, медицински сестри и амбулантни возила. Од Службата за итна медицинска помош велат екипираноста е слаба, но и со тој кадар со кој располагаат вложуваат максимални напори да излезат во пресрет и навремено да интервенираат. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави