ЕКОЛОГИЈА Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Нуркачите од „Akvatek“ комплетно го извадија „тоалетот“ од езерото, на суво и „најславната“ када во државата (Фото/Видео)

Охрид, 17. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Откако пред три дена објавија поразителни фотографии на нашиот колективен (и поединечен во овој случај) срам, а вчера информираа и за стартот на акцијата за чистење, членовите на нуркачкиот центар „Akvatek“ комплетно го извадија „тоалетот“ од водите на Охридското Езеро.

Надвор е веќе и „најславната“ када во државата, која ја објавија бројни медиуми во државата. Од „Akvatek“ сакаа со сопствен пример да покажат дека езерото е навистина се’ што имаме и дека мора заеднички да се грижиме за него.

Нуркачот Никола Паскали до редакцијата на Супер радио и OhridPress достави и кратко видео од акцијата за чистење.

За екологијата, за тоа колку се грижиме сите заедно за езерото, но и за многу други теми, Никола ќе биде денешен гостин во емисијата „Радио Корнер“ на Супер радио после 12:30 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Никола Паскали

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука