Струга, 22. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – 33 изгорени едрилици и само две спасени е билансот од големиот пожар кој вчера изби во хангарот на Едриличарскиот клуб „Снегар“ кај популарната „Машка плажа“ во Струга.
Струшките пожарникари интервенираа со 13 лица и две возила и за брзо го локализираа пожарот. За среќа нема повредени лица, но е причинета поголема материјална штета. Еден пожарникар беше хоспитализиран поради труење од чад.
Покрај 33-те едрилици, огнот однесе и четири чамци, но и комплетната, 60 години старата документација на клубот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Данче Секулоска
Прочитано: 25