Охрид, 5. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Веќе еден месец депонијата „Буково“ гори и испушта големи количини чад во воздухот.
Соодветно решение нема, а нема ни кој да направи барем основна анализа за последиците по здравјето на луѓето или да побара одговорност.
Токму проблемот со депонијата кај „Буково“ е наведен и во препораките кои треба да ги исполниме дадени од УНЕСКО. Градоначалникот Константин Георгиески по враќањето од состанокот во Баку потенцира дека најтешко решлива е препораката за постапување со депонијата која е една од ретките по која досега не е направено ништо.
Според препораката на УНЕСКО, депонијата „Буково“ мора да се затвори до декември 2020 година. Со тоа Охрид ќе остане без можност каде да го депонира отпадот.
Претходно беше предложена локација кај Дебарца, но според најголемиот дел од експертската јавност истата е неприфатлива поради сливното подрачје на Охридското Езеро. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес