ЕКОЛОГИЈА ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

По „тоалетот“, нуркачите на „Akvatek“ извадија бојлер од езерото

Охрид, 14. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – По „тоалетот“ и вреќата со плочки, членовите на нуркачкиот центар „Akvatek“ сега извадија бојлер.

По се изгледа нема крај на отсуството на еколошка свест и грижа за езерото и природните вредности. Откако пред еден месец нуркачите извадија када и делови од тоалет од езерските води, најнов инвентар од тоалетот од бојлерот, кој е изваден на локација кај местото викано На Дол во Трпејца на длабочина 5 метри на околу 10 метри од брегот.

– Апартманот е скоро комплетиран, само уште неколку елементи, напиша нуркачот Никола Паскали. Тој на неодамнешното интервју во емисијата Радио Корнер на Супер радио подвлече дека отпадот кој го сретнуваат под вода, ја покажува нашата ниска колективна свест во поглед на заштита на езерото.

Ваквите поразителни постапки уште еднаш го отсликаа нашиот колективен, а во овој случај поединечен срам. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Нуркачки центар „Akvatek“

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави