Охрид/Волино, 9. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – На 8-ми септември 2019 година во селото Волино, Дебрца, се случи инцидент на фудбалскиот натпревар помеѓу екипите на ФК „Сатеска“ од селото Волино и ФК „Црно буки“ од Битола.
– Немилион настан се случил околу 17:05 часот, кога, поради незадоволство од одлука на судиите, 47-годишниот З.Т. од селото Волино влегол на теренот да ги нападне. Полициски службеници интервенирале и при превземање на мерки за приведување на З.Т. тој пружил отпор, а полициските службеници во извршувањето на службени дејства (при приведувањето на игралиштето и потоа и при транспорт на приведените) биле попречувани од 50-годишниот Т.Н., 21-годишниот К.Н., 37-годишниот С.Б., 24-годишниот Д.С., 36-годишниот Б.А., 27-годишниот Н.С. и 59-годишниот М.А., сите од селото Волино, кои се приведени во Полициската станица во Охрид. Во попречувањето учествувале и лицата Г.Д., А.В. и Ѓ.И. за кои се преземаат мерки за пронаоѓање. Известен е Јавен обвинител и против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, информираат од МВР.
Првата објавена информација ОВДЕ. (Крај)
извор: МВР фото/видео: ОхридПрес