ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Координација Вучиќ-Заев-Рама пред средбата во Охрид на 9-ти ноември

Охрид, 4. ноември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Српскиот претседател Александар Вучиќ разговараше денес со премиерите на Албанија и Македонија, Еди Рама и Зоран Заев за претстојната средба во Охрид, на која ќе продолжат разговорите за воспоставување „мал шенген“.

Вучиќ на својот Инстаграм профил објави фотографија на која се наоѓа зад работната маса, покрај телефонот и бројните документи, како и фотографија со неговите соработници, со порака „одличен конференциски разговор со Рама и Заев пред важниот самит во Охрид на 9-ти ноември“.

Вучиќ разговaрал со Заев и Рама за „мал Шенген“ на самитот во Охрид

– Документот кој ќе го видите е заснован на слобода на проток на капитал, роба, услуги и луѓе затоа што мислам дека луѓето во нашите земји заслужуваат подобар живот и помало невработување, рече Вучиќ на последната средба, која на 10-ти октомври се одржа во Нови Сад.

И Рама и Заев истакнаа задоволство од овој договор, кој според најавите, би требало да стапи на сила во 2021 година. Премиерот Заев рече дека сите шест земји од Западен Балкан треба да се приклучат на иницијативата за поблиска економска интеграција на земјите од регионот. Заев рече дека Македонија ја поддржува иницијативата, затоа што треба многу повеќе да се направи за економска конвергенција.

– Потребна е целосна соработка во спроведувањето на четирите основни слободи – слободата на движење на луѓето, стоките, услугите и капиталот. Мислам дека дефинитивно ќе го создаде она што сите го очекуваме, а тоа е Балканот, кој ќе биде почитуван на глобално ниво, поконкурентен и попривлечен за странските инвеститори, рече Заев.

Заев: Следниот состанок со Вучиќ и Рама на 10-ти ноември во Охрид

Заев најави дека следната средба, посветена на отстранување на безграничните бариери за бизнис и слободниот проток на стоки, луѓе, услуги и капитал, ќе се одржи во Охрид на 10 ноември и ги повика сите земји од регионот да се приклучат.

– Ние ја испраќаме пораката дека политичките односи во регионот стануваат поедноставни, дека Балканот не е повеќе буре барут, туку регион на стабилност на економскиот развој посветен на европската интеграција и подобрување на стандардите на нејзините граѓани, рече тој. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави