ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Во четврток, на 28-ми ноември ќе се отвори АлиПашината џамија во Охрид

Охрид, 19. ноември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во четврток, на 28-ми ноември ќе се отвори АлиПашината џамија во Охрид, објавија на официјалната страна на Facebook на Исламската Верска Заедница на Македонија (ИВЗ).

– Џамијата е лоцирана во старата охридска чарпија, во близина на стариот Чинар, стои во соопштението во кое се повикуваат верниците да бидат дел од манифестацијата.

До овој момент нема повеќе детали за самото отворање на џамијата. Претходно беше најавено дека турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган ќе дојде на отворањето на џамијата. Веста неодамна ја соопшти турската амбасадорка Тулин Еркал Кара, која најави дека се работи на усогласување на термин кој одговара на сите, за претседателот Ердоган, заедно со македонскиот државен врв да може да присуствува на свеченото отворање на реконструираната џамија во Охрид.

Реконструкцијата на Алипашината џамија, која започна пред три години во центарот на старото градско јадро во Охрид, ја разбранува не само охридската туку и целата македонска јавност. Причина се обвинувањата дека градежните работи не се одвиваат според предвидената законска регулатива. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука