Охрид, 18. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Уште една саботна вечер, љубителите на рок музиката ќе поминат со бендот Barrel Row.
Во објектот на тераса „Аквариус“ вечерва ќе има свирка со членовите на бендот: Лазар Милошески (вокал и бас гитара), Виктор Јолакоски (гитара) и Mango Wild – Ѓорги Мангоски (тапани).
За повеќе информации за бендот, можете да го прочитате неодамнешното интервју за Супер радио.
На репертоарот ќе бидат теми од светската рокенрол сцена. Забавата е по 22 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 18