Скопје, 19. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Се вика Ивица Стојановски, а сите го знаат како Фиц, некогашниот член на своевремено многу популарните „Студени нозе“, каде членуваше заедно со Никола Николов Сури и Леонид Голчев.
Пред две години објави нов спот заедно својот бенд The Invisibles ја сними „Еее мој Фиц“, по што започна приказната наречена Fic & D’inizibles, а на неговиот YouTube канал редовно објавува видео снимки од неговите концерти и песни. Заедно со басистот на неговиот бенд, добро познатиот музичар Никола Бочваров Ципко, кој беше дел и од проекти како „Мјузаик“, „Калап“ и други, во ноември минатата година ја снимија одличната и весела „Марија“, а сега, во пресрет на летото имаат нова песна, наречена едноставно „Младост лудост“.
Станува збор за весела и вистинска летна песна, совршена за одмор покрај езеро или море, со добро друштво на најдобрите пријатели.
Песната е дело на Сашо Стојановски кој стои зад музиката и текстот, аранжманот е на Давор Јордановски, а продуценти се Мите Димовски и Давор Јордановски. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива