Забава Избор

Fic & The Invisibles ја снимија одличната „Марија“

Скопје, 21. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Се вика Ивица Стојановски, а сите го знаат како Фиц, некогашниот член на своевремено многу популарните „Студени нозе“, каде членуваше заедно со Никола Николов Сури и Леонид Голчев.

Минатата година објави нов спот заедно својот бенд The Invisibles ја сними „Еее мој Фиц“, по што започна приказната наречена Fic & D’inizibles, а на неговиот YouTube канал редовно објавува видео снимки од неговите концерти и песни.

Заедно со басистот на неговиот бенд, добро познатиот музичар Никола Бочваров – Ципко, кој беше дел и од проекти како „Мјузаик“, „Калап“ и други, ја снимија одличната и весела „Марија“.

– Приказната за „Марија“ почнува многу одамна, пред 20-тина години, кога Ципко се вљубува во некоја Марија. И ја почнува првата строфа и рефренот нецелосно и тука завршува. После толку години во кои текстот седеше во фиока, седнавме заедно и го завршивме. Инаку „Боро-мечка“, „Пане“ и оној со чкембето од спотот се вистински ликови кои во тоа време се собирале по некои подруми и биле страв и трепет низ тогашен Чаир. А тоа дека била дебела и улава е чисто моја измишљотина, чисто ради фора, вели Фиц за Супер радио и OhridPress.

Песната е снимена во студиото „Ентерпрајс“ на Валентино Скендеровски каде е комплетирана продукциски, а Зоран Костадиновски – Зоче го отсвири делот на акустична гитара. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука