Скопје, 10. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Италијанскиот весник La Verità утрово го објави третото видео, поврзано со случајот „Рекет“, откако првото предизвика вистински политички земјотрес во земјава, а во второто се слушна за прв пат и гласот на специјалниот јавен обвинител Катица Јанева.
Од разговорот се слуша дека специјалната обвинителка Катица Јанева на Камчев му вели дека Лиле Стефанова, обвинителката која го води случајот „Империја“, е под нејзина контрола.
– Јас сум премногу ангажирана затоа не ја држам редовно под контрола. Инаку она без мене не може ништо, му вели специјалната обвинителка Катица Јанева на бизнисменот Јордан (Орце) Камчев. Бојан Јовановски вели дека Камчев се плаши од Стефанова, ама потоа добро се разбираат дека во април обвинителството мора да има некакви активности за овој случај, па затоа биле повикани некои сведоци, за што Камчев изразил одредена загриженост. Ама по разговорот со Јанева се разбираат дека станува збор за техничко прашање, за шминка.
Италијанскиот новинар во својот прилог го споменува и познанството на Боки 13 со премиерот Зоран Заев, а во видеото Боки 13 му потврдува на Камчев дека он ќе му „замачка“ очи.
Боки 13, освен што бил во координација со првиот човек на СЈО, Катица Јанева, тој исто така бил во координација за случајот „Рекет“ и со премиерот на Македонија, Зоран Заев, објавува италијанскиот весник „Ла Верита“.
Еве дел од разговорите:
БЈ: Утре се глеам со него
ЈК: Со Дејан?
БЈ: Не
ЈК: Со Жаре?
БЈ: Со Зоки.
ЈК: Со Зоки?
БЈ: Со Заев.
Новинарот Ларис Гајсер претходно најави дека ќе објави серија снимки за „проширувањето на корупцијата во Македонија.“ Утрово на неговиот профил на Facebook, објавувајќи ја снимката напиша:
– Третиот дел од мојата репортажа за Македонија на La Verità. Како што сосема коректно изјави македонскиот премиер Зоран Заев вчера – секој мора да ја понесе својата одговорност. Граѓаните заслужуваат правда, напомена Гајсер. (Крај)
извор: La Verità/мкд.мк фото/видео: La Verità