Охрид, 16. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во пресрет на престојните Парламентарни и Претседателски избори 2024 година, а согласно законските норми, интернет порталот OhridPress го објавува Правилникот и ценовникот за платено политичко рекламирање (ППР).
П Р А В И Л Н И К
за покривање на изборниот процес
1. Порталот OhridPress ќе го покрива целокупниот изборен процес, со максимално следење на насоките на ДИК и останатите соодветни институции.
2. На сите учесници во изборната кампања ќе им биде овозожено платено политичко рекламирање под подеднакви услови, согласно официјалниот ценовник за платено политичко рекламирање на претстојните избори. Платеното политичко рекламирање ќе се објавува во посебен простор предвиден за таа намена.
3. Предност во избирање на простор за рекламирање и поставување на банери и други рекламни содржини во делот за платено политичко презентирање, ќе имаат субјектите кои први ќе склучат договор со OhridPress.
4. За време на изборната кампања редакцијата ќе се труди дневните информации, вестите и извештаите за изборните случувања да ги објавува навремено и непристрасно. Учесниците во кампањата ќе имаат право на демант, бесплатно и во најкус рок, само на објавените информации од и на интернет порталот www.ohridpress.com.mk. Во делот на соопштенија, реакции и контра-реакции ќе се објавуваат само материјалите кои ќе бидат испратени на официјалната маил адреса на редакцијата – [email protected]. Редакцијата нема обврска задолжително да презема материјали од портали или социјални мрежи на учесниците во изборниот процес.
5. Согласно законите и пропишаните правила, за време на изборната кампања нема да се објавуваат информации за активностите на претставниците на државните органи и институции, на органите на локалната самоуправа и на други јавни личности, што се во функција на изборната кампања, а не се најавени како такви.
6. OhridPress нема да објавува вести, информации, соопштенија и реклами кои поттикнуват верска, национална или друга нетрпеливост и повикуваат на насилно уривање на системот и бојкот на изборите. Исто така нема да се објавуваат информации, фотографии, видео и аудио записи кои се однесуваат на деца помлади од 14 години.
7. Во периодот на избори редакцијата на OhridPress ќе се воздржи од коментари, освен во случај на флагрантно кршење на изборните правила. Во тој период нема да се објавуваат колумни и писма на читатели кои се однесуваат на изборната кампања и учесниците во неа.
8. Согласно начелата за професионално и непристрасно известување, OhridPress им забранува на своите вработени и надворешни соработници било каков ангажман во изборната кампања.
Официјалниот ценовник, доставен до учесниците на кампањата и сите соодветни институции е објавен овде. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива