декември 6, 2019

Охрид, 6. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, вечерва ќе се одржи премиерата на новиот филм „Дедо и внук“ на охридскиот режисер Илија Пиперкоски.

– После смртта на едно дете пациент, кое чека лекување во странство, настанува скандал и младиот доктор Никола за да го избегне притисокот е приморан оди на посета кај дедо му, каде што не бил повеќе од 10 години и таму се среќава со проблемите од неговото минато, открива дел од содржината Пиперкоски.

Филмот кој е посветен на Салаетин Билал, големиот актер кој си замина пред да го види својот последен филм, започна да се снима кон средината на април 2017 година и е единствениот долгометражен игран филм во македонската кинематографија, по филмот на Димитрие Османли „Мирно лето“, кој е целосно снимен во Охрид.

Главните улоги во филмот ги толкуваат Дејан Лилиќ, Салаетин Билал, Даниела Ивановска, Горан Стојаноски, Благој Веселинов и други актери, меѓу кои се истакна и тогаш 12-годишниот охриѓанец Наум Цветкоски.

Новиот филм е дел од програмата за одбележување на 8-ми декември, Денот на заштитникот на Охрид, Св. Климент Охридски и веќе предизвика големо внимание во охридската и македонската јавност.

– Деновиве се бара билет повеќе за влез на премиерата и токму поради тоа донесена е одлука да се одржи и втора проекција на филмот, информираат од тимот на Пиперковски.

Повеќе за филмот, детали за снимањето и останати информации за „Дедо и внук“ од интервјуто на режисерот Илија Пиперкоски за Супер радио и OhridPress. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука