јануари 11, 2017

Охрид, 11. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Претставници на Општина Охрид беа во посета на семејството на Музафер Садик, чија куќа, што се наоѓа на улицата „Даме Груев“ , изгоре во пожар, предизвикан од запален оџак.

Во пожарот е направена голема материјална штета, но за среќа нема повредени.

Комисијата за проценка на штети ќе изврши проценка. Советот на општина Охрид ќе донесе одлука за висината на отштетата која ќе ја добие семејството Садик.

Инаку преку координација со претпријатието за стопанисување на станбен и деловен простор, во брзо време ќе биде изнајден стан за времено сместување на семејството.

Вчера граѓаните на Охрид во неколку координирани акции покренаа иницијативи за помош на семејството Садик. Засега донации можат да се доставуваат преку трансакциска сметка во Охридска банка или преку роднини и пријатели на семејството. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука