Охрид, 28. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Месец и половина по големиот пожар кој избувна во охридската касарна „Михајло Апостолски“, само изгорените дрвја и тревата остануваат неми сведоци на немилиот настан кој можеше лесно да излезе од контрола.
Само еден ден по пожарот, делот кај охридската касарна изгледаше ВАКА.
Репортерите н Супер радио и OhridPress денес регистрираа дека состојбата не е многу сменета и дека опожарените дрвја се на старото место.
Погледнете:
Пожарот избувна на 11-ти септември оваа година, нешто по 15:00 часот, а од охридската противпожарна единица излегоа на терен со 4 возила и 16 пожарникари, кои заедно со граѓаните успешно го изгаснаа пожарот пред дождот проследен со поголемо невреме, кој подоцна го зафати регионот.
Во пожарот изгореа неколку борови и тревата во кругот на касарната, а брзата реакција не дозволи истиот да се прошири кон околните куќи. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес