Скопје/Охрид, 9. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Министерството за внатрешни работи (МВР) испрати претставки до Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Советот за етика во медиумите и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) поради очигледното свесно дезинформирање од одредени медиуми во врска со инцидентот на фудбалскиот натпревар во селото Волино.
– Се надеваме дека овие организации соодветно ќе реагираат на непрофесионалното, неетичко и очигледно свесно дезинформирачко постапување со цел поттикнување на омраза, насилство и нетрпеливост на неколку медиуми иако уште од почетокот со усна информација, а потоа и по писмен пат и преку извадокот на дневни настани, Министерството за внатрешни работи детално информираше за овој настан, реагираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива