Охрид, 22. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Откако објавија поразителни фотографии на нашиот колективен (и поединечен во овој случај) срам и ја започнаа акцијата за чистење, членовите на нуркачкиот центар „Akvatek“ полека го комплетираат „тоалетот“ кој го вадат од водите на Охридското Езеро.
Надвор веќе е „најславната“ када во државата, која ја објавија бројни медиуми во државата, а која се’ уште стои неподигната на плажата „Сараиште“.
Деновиве од „Akvatek“ извадија од езерото и цела вреќа со стари и употребени плочки која нуркачите ја лоцирале уште минатата година.
За екологијата, за тоа колку се грижиме сите заедно за езерото, но и за многу други теми, Никола зборуваше и во интервјуто за Супер радио и OhridPress во емисијата „Радио Корнер“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Никола Паскали