Охрид, 10. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.
– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.
Охрид во 10 на 10.03.2017 година
Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress.
инфо: 10.03.2017 година
– Во иднина РЕК, а не општината, ќе ја одредува цената на водата за пиење, охриѓани задоволни од квалитетот на водата, стравуваат од повисоки цени на сметките
– Што поголемо и поквалитетно интегрирање на лицата со инвалидитет на пазарот на трудот- е заклучокот на 5 – та регионална обука во Охрид од Програмата за професионала рехабилитација на лицата со телесен инвалидитет
– Државниот завод за статистика објави дека минатата година имало намалување на цената на становите во Охрид
– Зголемен бројот на патници на охридскиот аеродром, опаѓа бројот на прелети
– Вечерва започнува семинар на тема: Законодавни иницијативи за човекови права во организација на Вестминистер фондацијата за демократија во соработка со Високата школа за новинарство и односи со јавноста
– Попладнево имаше краток прекин на сообраќајот на патот Кичево-Охрид поради минирање
– Поднесена кривична пријава за лице од охридско поради бесправна сеча на дрва