Охрид, 11. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.
– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.
Охрид во 10 на 11.04.2017 година
Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress. (Крај)
инфо: 11.04.2017 година
– Православните верници го одбележуваат празникот Велики Вторник – великопостно Големо повечерие
– Експертите на УНЕСКО го започнаа мониторингот од Националниот парк „Галичица“
– Најавен Велигденски викенд во Трговско забавниот центар KAM Village
– Охриѓани ја покажаа хуманоста на концертот за помош на самохрана мајка
– Охрид беше претставен на Меѓународниот саем за културен туризам во Велико Трново
– Во февруари годинава во Охрид биле издадени 6 одобренија за градење
– Охридска банка Сосиете Женерал, воведува нови поволности во своето кредитно портфолио за станбени кредити: План за стан со нова гарантирана каматна стапка до 2030 година
– Неготинчанец измамил тројца охриѓани дека ќе им најде работа во Германија