февруари 16, 2017

Охрид, 16. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.

– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.

IMG_8336
Охрид во 10 на 16.02.2017 година

Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress. (Крај)

инфо: 16.02.2017 година

– Заинтересираните лица кои сакаат да бидат дел од големото талент шоу Ohrid SUPERSTAR, имаат уште точно две недели да се пријавуваат.

– Објавен е повик за регистрација за физички лица од Охрид кои вршат превоз со пловни објекти.

– Министерството за внатрешни работи ги информира сите граѓани од републикава, дека согласно одредбите од Законот за оружјето,  рокот за замена на дозволите за поседување и носење на оружје  истекува на 12-ти април.

– Филмската академија Охрид вечерва ќе го прикажува иранскиот филм „Fish & Cat”.

– Извршена тешка кражба во манастирот „Св.Врачи“ во охридското село Опеница.

– Албански државјанин кај кого е пронајдена дрога, е приведен во охридскиот затвор.

Охридските атлетичари Мироска и Мирчевски се натпреваруваат на  Меѓународен митинг во Истанбул.

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука