февруари 21, 2017

Охрид, 21. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.

– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.

IMG_8398
Охрид во 10 на 21.02.2017 година

Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress. (Крај)

инфо: 21.02.2017 година

– Постара жена била убиена при обид за грабеж во нејзиниот дом на улицата „Галичица“ во Охрид.

– Здружението на туристички водичи и придружници „Кеј“ дискутираше за актуелните проблеми во туристичката дејност.

– Во рамките на Erasmus + програмата за високо образование, на факултетот за Туризам и угостителство Охрид деновиве предавања ќе одржат  професори од соседна Албанија.

– По повод Светскиот ден на туристички водичи, беше промовиран веб дигитален регистар на активни и квалификувани туристички водичи од цела  Македонија.

– Млади инфо, во партнерство со Шпаркасе Банка Македонија, Пакомак и Фондот за иновации и технолошки развој, преку конкурсот за Наградата за социјално претприемништво- Social Impact Award 2017 ќе прибавува бизнис идеи од Охрид.

– Во Кинотеката на Македонија премиерно прикажан видео-омажот за охридскиот романсиер и драмски писател Живко Чинго.

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука