Охрид, 23. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.
– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.
Охрид во 10 на 23.04.2017 година
Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress.
инфо: 23.04.2017 година
– Литургија по повод Томина Недела
– Охридска банка е „Најдобра банка во Македонија“ за 2017 година според „Global finance“
– Денес во Охрид до 14. степени, од утре пораст на температурите
– Камбовски: Ако го продолжат мандатот на градоначалниците, уставните судии ќе одат в затвор!
– Продолжуваат активностите за патронатот на ОУ „Христо Узунов”
– Завршни ативности на Неделата на солидарност
– Здружението „ЕДЕН“ ќе ги презентира заклучоците од проектот „Заштита на природата во НП Галичица“
– Животот повторно победи – Дрвото на карпа кај Елешец, повторно расте