Охрид, 25. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.
– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.
Охрид во 10 на 25.05.2017 година
Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress
инфо: 25. 05.2017 година
– Православните верници го прославуваат празникот Вознесение Христово – Спасовден
– Во Македонија се воведуваат принципи за одговорно интернет однесување, беше потенцирано на отворањето на третиот регионален годишен состанок за интернет владеење SEEDIG во Охрид
– Охрид ќе биде домаќин на меѓународна туристичка конференција
– Од охридските училишта се подготвуваат за прослава на полуматурите
– Минатата година на ФТУ дипломирале 169 лица, додека на универзитетот „Свети Апостол Павле“, 39 дипломци
– OУ „Брaтствo Единствo” го одбележа патронатот и Денот на македонските просветители Св. Кирил и Метoдиј
– Согласно Законот за празници, следниот месец ќе има два неработни денови
– Македонски Телеком за корисниците ширум државава кои деновиве имаа прекин на услугите, најави бесплатни содржини и услуги
– Димче Китрозоски во интервју за Супер радио порачува Ohrid SUPERSTAR да прерасне во традиција која ќе го раздвижи нашиот град
– Охридското здружение „Титоисти“ го одбележува роденденот на Тито
– Ќе се избира најубаво уреден двор во Охрид
– Поп пејачот Мите Пауноски видео записот за песната „Денот да почне со тебе“ го снимаше во Охрид и Струга