јануари 27, 2017

Охрид, 27. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.

– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.

ohridvo10270117Охрид во 10 на 27.01.2017 година

Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress. (Крај)

инфо: 27.01.2017 година

– „Еко-свест“ апелира да се работи на изнаоѓање решенија за одржлив развој на Охрид.

– Националната установа „Завод за заштита на спомениците и музеј“ Охрид, во тековната 2017 година ќе изготви елаборати за ревалоризација на 10 објекти во Охрид и Струга.

– Моментално бројот на заболени лица од грип во Охрид е 228 лица, пациентите се со полесна клиничка слика.

– Охридското здружението на србите „Коштана“ по 10-ти пат го одбележа празникот Свети Сава.

– Поднесени кривични за две лица вработени во ЈП „Градски гробишта“ во Охрид за несовесно работење во службата.

– Најавен 8-от традиционален бразилски џиуџицу семинар во Охрид за 29-ти јануари, недела.

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука