Охрид, 4. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.
– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.
Охрид во 10 на 04.05.2017 година
Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress
инфо: 04.05.2017 година
– Горан Богоевски ја најави Вело – турата околу Охридското Езеро, која годинава ќе биде од хуманитарен карактер
– Александар Ѓурчев, сопственик на City Hostel and Apartments смета дека расте интересот за сместувањето во хостелите, кое треба да биде на повисоко ниво
– Ќе се поставува комунална опрема во Охрид
– Сојузот на борци одржа трибина по повод одбележувањето на годишнините од смртта на Гоце Делчев и Јосип Броз Тито
– ЕЛЕМ е инвеститор за изградбата на Конгресниот центар во Далјан
– Охриѓанец со нож нападнал две лица
– Боди билдинг Семинар со Тоше Зафиров ќе се организира во бодибилдинг клубот „Фит Форм” – Охрид
– Вечерва „Охридски филиграни“ – изложба на Мирјана Николоска во Софија