јануари 9, 2017

Охрид, 9. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.

– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.

img_7740
Охрид во 10 на 09.01.2017 година

Проектот „Охрид во 10“ , покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress. (Крај)

инфо: 09.01.2017 година

– Десет дена до празникот, ќе добие ли Водици кум годинава?

– Продолжува студениот бран, препораки бремените жени и хронично болните лица над 60 години да бидат ослободени од работа.

– Од вкупниот број на кривични пријави за минатиот месец од царинската управа, едно е поднесено во Охрид за случај со повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма.

– Од Управата за јавни приходи ги информираат граѓаните навремено да извршат плаќање на утврдените даночни обврски за персонален данок на доход за 2015 година, за претходни години, како и за 2016.

– Бензините поскапуваат, а дизелот со исти цени, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

– Во пожар изгоре семејна куќа на улицата „Даме Груев“

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука