Охрид, 18. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Младиот пејач со потекло од Охрид Христијан Настески-Пајак за Urban Records ја сними новата песна наречена „Љуби ме“.
Музиката и текстот се на Пајак, а за аранжманот и мастерингот се погрижи Иван Иванов Iwayo.
– Нешто ново, напиша кратко Пајак на неговиот профил на Facebook.
Младиот trap артист со музика започна да се занимава уште од негова 6-годишна возраст, а талентот го наследил од неговиот татко кој е поранешен гитарист и љубител на рок музиката. Вели дека инспирација добива од други артисти, љубител е и на многу други стилови на музика, затоа што секоја музика си има своја тема, убавина и порака…
Пајак се’ посигурно гази по својот музички пат. Неговата песна „Bella“, заедно со Лара Иванова, минатата година беше прогласена за најслушана песна меѓу две изданија на фестивалот Макфест во Штип. Заедно со продуцентот Јован Јованов, во ноември минатата година го преработи хитот „Магија“, со кој Јованов и групата „Магија“ победија на Макфест во 1998 година.
Повеќе за него на неговите профили на Facebook и Instagram. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива