септември 11, 2023

Скопје/Струга, 11. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, за кого обвинителството по увидот кажа дека е запишан за 30 кривични дела и за кого во Струга се водат 10, а во Обвинителството за организиран криминал 5 истраги за злоупотреба на службената положба и овластувањата, исто така се спасува со амнестијата преку застарување на делата што ја изгласа Собранието претходната недела.

Мерко е од редовите на ДУИ и тој е најновиот на црната листа на Стејт Департментот, објавена во јуни, со дообјаснување дека американската влада ги знае доказите за негово коруптивно работење и злоупотреба на градоначалничката функција.

Со 48 гласа за, 36 против, и еден воздржан, Собранието на Република Македонија неодамна ги донесе измените на Кривичниот законик со кои по скратена постапка, се намалуваат затворските казни за кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластувања.

Заедно со Рамиз Мерко на црната листа на личности на кои им се забранува влез во САД се ставени и синот на Мерко, двете ќерки и неговата сопруга.

Повеќе за досието „Мерко“ ОВДЕ. (Крај)

извор: Сдк.мк/ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука