јуни 6, 2021

Охрид, 6. јуни 2021 (ОХРИДПРЕС) – На десетина дена до истекот на рокот, деновиве е урната уште една атрактивна плажа на брегот на Охридското Езеро, плажата Atlantic Beach во Елешец.

Тешката механизација е се’ уште на лице место, каде се расчистуваат разурнатите објекти и инфраструктурата на плажата. На овој потег, денеска се расчистуваа и објектите на плажата пред Авто кампот Елешец, кој е пред плажата Atlantic Beach.

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

Последни информации поврзани со уривањето на дивоградбите:

Двете советнички групи во Советот на општина Охрид и градоначалникот на Општина Охрид, д-р Константин Георгиески во петокот одржаа координативен состанок во врска со барањето на Здружението на угостители и туристички работници „Охридски Еснаф“ од Охрид за свикување и одржување на итна седница на советот. На состанокот детално беше разгледано барањето на здружението и сите предложени точки за расправа, по што од страна на двете советнички групи беше донесен заеднички заклучок дека Советот на Општина Охрид нема ингеренции да расправа по ниту една од предложените точки во барањето.

Градоначалникот на Охрид д-р Константин Георгиески неодамна обелодени дека поранешни концесионери на плажи на брегот на Охридското Езеро во период кога немале активни договори за концесија остварувале милиони денари приход, откако претходно граделе и узурпирале надвор од договорите за концесија на земјиштето. Дел од нив иако имале договори за плажи работеле како ресторани и ноќни клубови и нелегално ги издавале под закуп.

– Фирма концесионер на плажа за период од четири години кога немала активен договор за концесија остварила приход од 190 милиони денари. Друга фирма која стопанисувала со плажа исто така без договор за концесија, за истиот период остварила приход од 59 милиони денари, а трета фирма за стопанисување на плажа без договор остварила 14 милиони денари, а прикажала расход само за двајца пријавени работници на месечно ниво, рече Георгиески.

Објектите се наоѓаат на опфат на ГУП, концесиите им се истечени, а според него сега е најважно да не обавуваат дејност. Од заштитен аспект мора да се отстрани сé што е во вода. Правниот статус и на овие објекти и на оние што веќе се отстранети е ист. Георгиески апелира до сопствениците да ги затворат и да престанат со вршење дејност, издадени им се известувања за осум дена сами да постапат, по што ќе постапи општината.

Инаку на помалку од десет дена од крајниот рок зададен за комплетно отстранување на поставената опрема на охридските плажи, голем дел од нив се доведени сосема блиску до првобитната состојба.

Нема достапен опис

Екипа на Супер радио и OhridPress неодамна направи обиколка на неколку локации и може да се забележи дека плажите на кои започна постапката за отстранување на диво поставените објекти, се блиску до комплетно отстранување на истите. Веќе ги нема платформите во езерото, како и масивните бетонски платформи, кои беа и најголемиот зафат и за чие отстранување се користеше и соодветна тешка градежна механизација.

Комплетно се урнати и објектите кај плажа „Немо“ во „Горица 3“, со што полека се комплетира процесот кој започна во јуни минатата година. Таму се веќе отстранети сите бетонски елементи и платформи и плажата наликува на старите слики од Охрид од минатите години.

Нема достапен опис
Слична судбина деновиве имаат и другите плажи на потегот од хотелот „Метропол“ до селото Пештани, каде неодамна започнаа активности за отстранување на бесправните објекти.

Градоначалникот Георгиески најави дека во текот на наредниот период ќе се пристапи и кон отстранување на платформите и објектите на плажите во градската зона од каналот „Студенчишта“ кон „Горица 1“ и плажите во делот на населбата „Канео“, кои се опфатени во Генералниот урбанистички план. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука