Охрид, 18. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Се зголемува бројот на хуманитарни акции за собирање средства за помош на младиот охриѓанец Трајан Целески-Тачо.
Во објектот на „Влахов 52“ во сабота, 21-ви јануари, од 21 часот ќе се одржи Хуманитарна забава со настап на бројни локални музичари и бендови.
Настапуваат: The Bulbs, Трио бенд, Група Сарај, Мартин Милески, Арсо Ристески и Филип Ангелоски, Алек Илиевски, К`ј Данте, Богдан Василевски и Neighbours. Специјален гостин ќе биде актерот Никола Тодороски.
Инаку, вечерва во коктел барот „Хемингвеј“ во 22:00 часот за помош на Трајан ќе настапат: Ѓоко Танески, Богдан Василевски, Dj Face, Dj Jovan и Dj Gec.
Трансакциска сметка: Trajan Celeski 210501663814471 NLB Banka. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 56