февруари 18, 2021

Белчишта, 18. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – По обвинувањата од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Дебрца и реакцијата на општината, од партијата со уште една реакција, овој пат на изнесеното во дописот на општина Дебрца.

– Господинот Ногачески заборави дека е градоначалник скоро четири години и дека негова основна работа е да се грижи за имотот на општината, а не да ги остава општинските „ствари“ да се уништуваат како во случајов со балон салата во селото Требеништа каде што највероватно свесно изминатиов период ја остави отворена за да се уништи. Јавноста добро знае дека во времето кога ја водеше ВМРО-ДПМНЕ општина Дебрца во таа иста сала се одржуваа различни спортски и културни настани настани каде што балон салата беше во беспрекорна состојба, реагираат од партијата. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: ВМРО-ДПМНЕ

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука