септември 10, 2021

Скопје, 10. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Министерот за здравство д-р Венко Филипче денеска поднесе оставка од функцијата во знак на морална одговорност за жртвите во модуларната болница во Тетово.

– Никогаш не бегав од критика. Сите одлуки ги донесовме за да се заштити здравјето на граѓаните. Последната трагедија во Тетово многу ме погоди, многу жалам за загинатите, сочувтствувам со нивните семејства, Нема зборови што можат да го опишат ниту начин да се надоемсти загубата. Како лекар и министер денеска од морални причини понудив писмена оставка до премиерот Заев, истакна Филипче.

Претходно денеска оставка поднесоа директорот на тетовската болница Флорин Бесими и економскиот директор Артан Етеми, а оставка од морални причини поднесе и Илир Хасани, заменик министер за здравство во Владата на Република Македонија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука