Охрид, 23. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Охрид, најголемиот туристички центар во Република Македонија, деновиве блеска во целата негова убавина, украсен во пресрет на новогодишните празници.
Централното градско подрачје е украсено, како што доликува за овој период од годината.
Од општина Охрид за Супер радио и OhridPress неодамна информираа дека за украсување годинава се одвоени околу 20.000 евра, а покрај нови ќе се користат и реквизите од претходните години. Украсувањето на градот го изврши ЈП „Охридски Комуналец“.
Градоначалникот на Охрид д-р Кирил Пецаков изјави дека се најавени голем број туристи од земјата и странство кои новата година ќе ја дочекаат на охридското крајбрежје, па не смее да се дозволи градот да не биде украсен. Најави дека е предвиден и скромен настан на Градскиот плоштад со охридски изведувачи, кои ќе ги забавуваат туристите.
Погледнете дел од Новогодишната празнична магија во Охрид, регистрирана од фото репортерите на Супер радио и OhridPress.
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес