Охрид, 5. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Сончевото време денеска во градот под Самуиловата тврдина го искористи еден охриѓанец за јануарско капење на петтиот ден од Новата 2023 година во Охрид.
Според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), температурата на езерската вода денеска е 8 степени, што е за 1 степен над просекот.
Тоа очигледно беше сосема пријатна температура за нашиот сограѓанин кој уживаше во капењето кај „Островчето“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 24