Охрид, 14. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Туристички Охрид денеска, на првиот ден по Стара Нова година, повторно блеска во целата своја убавина.
Во градот се’ уште има бројни посетители, кои заедно со охриѓани и сите вљубеници во градот под Самуиловата тврдина, уживаат во финалето на празничниот „маратон“, кој секоја година започнува со празникот посветен на Св. Никола и трае се’ до Богојавление Водици и Денот на рибарите на 19-ти и 20-ти јануари.
Денеска е 14-ти јануари, денот посветен на Св. Василиј Велики, празник кој го одбележуваат голем дел од православните верници и ден кога завршува карневалот во Вевчани.
Погледнете дел од атмосферата утрово во центарот на градот, како официјална покана за СИТЕ да го посетат викендов Охрид.
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес