ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Општина Дебрца Охрид ТОП ВЕСТИ

Охриѓани коментираат: Вакво невреме не сме виделе (Фото/Видео)

Охрид, 24. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Вакво невреме во животот не сме виделе, коментираат бројни охриѓани по големото невреме кое денеска го зафати поширокиот регион на Охрид, Струга и Дебрца.

Тие се револтирани затоа што не се прави скоро ништо во насока на системска превенција на вакви настани.

– Кое време сме. Се’ е измислено и ракети и авиони, а ние спиеме како и секогаш. Уништено е скоро се’ што посадија земјоделците. Многу е лошо, коментираат охриѓани.

Според првичните анализи, причинета е огромна материјална штета, особено кај земјоделските површини, од кои според коментарите по социјалните мрежи, скоро и да не остана ништо.

Поради сериозноста на состојбата, градоначалникот на Општина Охрид, д-р Кирил Пецаков го свика кризниот штаб за да се разгледа состојбата со невремето што го зафати Охрид.

Зоран Ногачески, градоначалник на Општина Дебрца, на Facebook порача дека силното невреме проследено со катастрофални врнежи од град ја зафати Општина Дебрца и за миг ја однесе во неповрат земјоделската мака.

– Уште сега со сигурност можам да кажам дека штетите на земјоделските култури се 100%. Нема нешто да остане здраво. Општината ќе ги спроведе сите стандардни постапки за пријавување на штетите,а проценката како што кажав не е ни потребна,стопостотна е, порача Ногачески.

May be an image of shadbush, stone-fruit tree and devilwood

May be an image of bicycle

Силно невреме проследено со засилени врнежи на дожд и град, силен ветер и грмотевици, го погоди Охрид, денеска, нешто по 11:30 часот. Град со големина на орев, односно околу 2-3 сантиметри врнеше во поширокиот регион на градот, соседна Струга и Општина Дебрца.

Извесно е дека денешното невреме ќе предизвика големи штети кај земјоделските насади. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука