Охрид, 20. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Диско „Палас“ и подоцна „Парадизо“ се едни од најзначајните места во ноќниот живот во Охрид низ годините и се лоцирани во центарот на градот во склоп на некогашниот хотел „Палас“.
Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav која објавува дневни фотографии од преубавиот Охрид, денешната фотографија ја посвети и ја сними утрово, токму пред локацијата на некогашната култна дискотека ПАЛАС.
Охриѓанецот Љупчо Стојкоски- Лепи, на неговиот профил на Facebook минатата година објави три ретки видеа од забави во култната дискотека – Диско „Палас“ во Охрид. Првото е од 1992, второто од 1993 година, а третото, според датумот на видеото е од забава која се одржала на 12-ти ноември 1992 година.
– Ноќниот живот во Охрид пред 30 години. Забава со жива свирка на некои музички групи од тој период во Охрид, модна ревија и Stand-up комедија, коментираше Лепи тогаш на неговата објава.
Многумина ќе се пронајдат во видеото, кое е снимено пред повеќе од 30 години и е редок и прекрасен доказ на едно убаво време. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес видео: Љупчо Стојкоски- Лепи