Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Oхриѓанецот Ване Николоски го промовираше романот „Надеж“ во Мелбурн

Охрид/Мелбурн, 1. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Романот „Надеж“ од охриѓанецот Ване Николоски беше промовиран во Мелбурн, Австралија.

– Одлична промоција на книгата во Мелбурн и настан на кој се дружевме и присутните добија потпишана копија од „Надеж“. Ви благодарам на сите за присуството, порача авторот Николоски.

Минатата година, благодарение на издавачот Austin Macauley, книгата беше објавена и на англиски јазик, со обврска за негова промоција и дистрибуција на пазарите во Англија, САД, Австралија, Канада, Република Ирска и Нов Зеланд.

Во јули 2022 година, во Градската библиотека „Григор Прличев“ во Охрид, се одржа охридската промоција на романот „Надеж“ од Ване Николоски, наш автор кој живее во Австралија, писател и голем вљубеник во природата и својот Охрид. Изминатото лето, Николоски го промовираше романот во повеќе градови ширум Република Македонија.

Николоски е писател и љубител на природата кој своите најдлабоки мисли ги овековечи во ова дело, со кое дебитираше во 2019 година. Вели дека негова лична инспирација никогаш не биле врвни личности (актери, спортисти, инфлуенсери или политичари), туку обичните личности кои инспирират со својата храброст и желба за живот. Личности кои му пркосат на времето не дозволувајќи никој и ништо да го попречи нивниот елан и ентузијазам, личности без разлика на пол, религија или статус, личности кои ќе отворат црвен чадор во морето еднолични црни чадори. Токму тие, современите Дон Кихоти. Романот „Надеж“ е негово прво објавено дело, а во подготовка се уште два романи со современа проза.

Повеќе за Николоски од интервјуто за Супер радио и OhridPress. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука