Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Со лет на LOT Polish Airlines пристигна нова група туристи кои ќе уживаат на Охридско-струшкото крајбрежје

Охрид, 10. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – На аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид, вечерва слета авион на полската авиокомпанија LOT Polish Airlines, со кој пристигна нова група туристи кои ќе уживаат на Охридско-струшкото крајбрежје.

Станува збор за чартер лет со кој пристигнаа полските туристи, кои ќе придонесат да биде поубава сликата за Охрид, како најголемиот туристички центар во државата.

Ова е само продолжување на одличниот старт на новата сезона во Охрид и Струга. На аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид, на 26-ти мај пристигнаа првите 190 патници со чартер-летот на TUI Airways UK од Манчестер. Две недели претходно, на 12-ти мај пристигна првиот авион со туристи од Холандија. Со летот Амстердам-Охрид на компанијата Corendon, пристигнаа 120 патници, кои ја отворија сезоната 2024 во Охрид.

Во првите 4 месеци, јануари-април, од 2024 година, ТАВ Македонија, како аеродромски оператор на двата македонски аеродроми, Меѓународниот Аеродром Скопје и Aеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид опслужи 893.993 патници и 7.343 летови. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука