Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Движењето на авионите за гасење пожар кај Охрид во живо на Flightradar24

Охрид, 4. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Движењето на авионите за гасење на пожарите во близина на Охрид можат да се следат и преку најпопуларниот светски flight tracker – Flightradar24.

Движењето на еден од „Ер тракторите“ можете да го следите во живо ОВДЕ.

Инаку, денешната акција за гасење на пожарите се одвива согласно според претходно договореното. Сите екипи се на терен и од рано утринава активно се гаси, информира градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков.

– На помош денеска дејствуваат и два хеликоптери на МВР и АРМ, како и три авиони за гасење пожар. Во текот на вчерашниот ден беше направен земјен појас над селата што ќе спречи ширење на огнот кон населените места, потенцира Пецаков.

Тој апелира до сите за воздржување од ширење на дезинформации поврзани со пожарите, како не би настанала непотребна паника помеѓу жителите.

Според официјалните информации од Центарот за управување со кризи (ЦУК), во текот на вчерашниот ден, сабота, 3-ти август 2024 година, регистрирани се вкупно 42 пожари на отворен простор, од кои во моментов се активни 5, четири се под контрола и 33 се изгаснати.

– Во регионот на Охрид, активен е пожарот на потегот кај Илинска Планина и селото Базерник, како и на четири точки на потегот кај селата Косел-Расино-Опеница-Вапила. Во Струга се изгаснати пожари на четири точки и тоа кај селата Татеши, Велешта, Калишта и Заграчани, потенцираат од ЦУК. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

 

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука