август 9, 2024

Охрид, 9. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Охридските пожарникари на нивниот официјален профил на Facebook објавија фотографии од гасењето на пожарот на Галичица.

На истите се гледа комплетната големина на уништувањето, но и напорите кои се прават од сите инволвирани за комплетно санирање на пожарот.

May be an image of 1 person and crater

May be an image of 1 person and mountain

Според последните, официјални информации од Центарот за управување со кризи (ЦУК) од синоќа, во регионот на Општина Охрид, и понатаму е активен пожарот на Илинска планина каде гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и букова шума, како и оној на Галичица каде гори нискостеблеста вегетација.

May be an image of 5 people and grass

May be an image of 1 person and mountain

Активен е пожарот на потегот кај селото Брежани, Општина Охрид, па од таа страна дејствуваат и 20 припадници на Национални шуми. Зафатена е, пред се, ниска вегетација, нискостеблеста шума, а на некои места гори и борова шума, информираше денеска директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.

– Карактеристично за овој пожар е тоа што во повеќе наврати користевме воздухоплови, во неколку наврати „Ер трактори“, исто така користевме хеликоптери, но се крева силна чад која што ја намалува видливоста, го отежнува маневрирањето на воздухопловите. Затоа апелирам до општинските власти да дадат се’ од себе да ги зголемат активностите на овој потег и да го стават под контрола овој пожар на отворено, којшто беснее со денови, апелираше вчера Стојанов.

May be an image of 6 people and people climbingизвор: ОхридПрес фото: ТППЕ Охрид

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука