август 21, 2024

Охрид, 21. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – За само два дена е резервиран комплетниот капацитет на охридското „Форт Кафе“ за новите „Мерак моменти“ закажани за недела, со Владо Броз, Марама и Емилија Маринова како специјална гостинка на вечерта.

– Драги пријатели, Ви благодариме што и овој пат го резервиравте вашето место за уште една мерак вечер во Форт. Владо Броз и Марама, со специјалнага гостинка Емилија Маринова ќе ни приредат уште една вечер за заедничко уживање, порачаа од „Форт Кафе“.

Откако го најавија па го промовираа претходниот сингл „Галеб охридски“, токму во „Форт Кафе“, Владо Броз и Марама со песната „На тебе сум осуден“ на познатиот охридски продуцент, композитор и текстописец Јовица Каралиевски, ќе настапат на фестивалот Охрид Фест – Охридски Трубадури. Владо Броз и Марама се едни „двајца“ за кои Каралиевски ги подготви овие два нови летни хита, а кои важат за една од најпознатите и најпопуларните музички атракции во Охрид, но и многу пошироко периодов наназад.

Следна станица каде охриѓани и гостите ќе можат да ги слушнат е „Форт Кафе“ во недела, на 25-ти август, кога заедно со Емилија Маринова ќе имаме уште една мерак вечер, овој пат со нежните звуци на музиката на Тереза Кесовија и неповторливата Дорис Драговиќ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука